Заев: „Ќе одиме на избори откако ќе се прочисти избирачкиот список„

Објавено на 30 август, 2013 во 14:13

Петседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ја повика власта заедно со опозицијата и со институциите на системот, директно да се вклучат во прочистување на Избирачкиот список до крај и вградување на сите препораки од ОБСЕ и ОДИХР во изборното законодавство.

По завршување на тие активности, според Заев, веднаш може да се прецизира терминот за одржување парламентарни избори. Тој додаде дека власта уште во март избегала од предвремени парламентарни избори, а СДСМ никогаш не бегала од избори.

Според Заев, за СДСМ, за граѓаните на Македонија и за меѓународната заедница, Уставот бил прекршен на 24 декември, а тоа било потврдено со потписите токму на двете политички партии и на претседателот на комисијата Борче Давитковски.

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.