„Срушена“ фејсбук страната на ФИБА Европа

Објавено на 6 септември, 2013 во 09:46

По големите судски кражби на македонската кошаркарска селекција во првите два натпревари на ЕП во Словенија , Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа) вчера немаше активна страница на социјалната мрежа Фејсбук откако доби илјадниците коментари од страна на гневните навивачи на македонската селекција.

Не се знае дали страницата е повлечена во илегала додека да се смири гневот кај фановите на Македонија, или, пак, дека е блокирана од хакери од нашата држава пишува Мкд.мк

Доцна во ноќта страницата беше вратена – но продолжија и безброј коментари од македонските фанови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.