Како поддршка на кошаркарите во Словенија и лидерот на опозициската СДСМ

Објавено на 6 септември, 2013 во 15:30

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска отпатувал во Словенија за да ги бодри вечер македонските кошаркари на мечот со Србија. Според извори во партијата Заев одлучил дека и покрај обврските, на кошаркарите им треба поддршка и кога им е најтешко после двата пораза, пренесе Либертас.

Во Словенија е и лидерот на опозициската ЛДП Андреј Жерновски и ги бодри македонските кошаркари што наиде на циничен статус на министерката Јанкуловска на нејзиниот Фејсбук профил. Таа ноќеска веднаш по поразот му порача да се врател оти бил баксуз. На ова и врати преку Фејсбук Жерновски со порака да не меша политика во спортот.

Но министерката не запре туку објасни дека е тоа нејзин личен став и оти била загрижена што Жерновски наместо да биде во Скопје и да им ги решава проблемите на грганите на општина Центар каде што е градоначалник оди во Словенија.

Вечерашното присуство и на најголемата опозициска партија најверојатно покрај бодрење на кошаркарите има и порака до Јанкуловска и власта дека спортистите се бодрат и кога губат а не само кога победуваат за да ги шетаат под Триумфалната порта на чело со нејзиниот шеф, премиерот Груевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.