Свлечиште во центарот на Охрид
Објавено на 7 септември, 2013 во 10:20
Доцна синоќа во централното градско подрачје на ул Димитар Влахов каде подолг период се одвиваат градежни зафати се појави свлечиште кое се прошири на патот, јави Лихнид.ком.
Полицијата веднаш интервенирала со тоа што била затворена улицата за сообраќај.
ЈП Проаква пак ги исклучила вентилите за довод на вода, па жителите од овој дел на Охрид и стариот град цела ноќ и утрово немаат вода.
Кај Свлечилиштето наспроти ЗОИЛ видно е пропаднат тротоарот и овој потег претставува опасност за пешаците, а жителите од околните куќи стравуваат од натамошно пропаѓање на земјиштето, и бараат итна санација на проблемот, пишува Лихнид.ком.
