Блаце и Јажинце сеуште блокирани
Објавено на 12 септември, 2013 во 08:07
Македонските превозници ги продолжуваат блокадите на граничните премини Блаце и Јажинце. Сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци. Патниците со своите автомобиле не можат да ја преминат границата, стопанствениците ги бројат штетите,
Косовскиот премиер Хашим Тачи побарал проблемот да биде решен до денеска, за што ја задолжил вицепремиерката Мимоза Кусари. Тачи за косовската радиотелевизија изјавил дека разговарал со македонскиот премиер и оти очекува состојбата да се врати во нормала како што беше пред воведувањето на косовското ембарго и македонските влезни такси.
Министерот за економија Ваљон Сарачини во телефонски разговор за 24 Вести вели дека има расположение за изнаоѓање на решение.
Извор 24 вести
