Облачно со дожд!

Објавено на 13 септември, 2013 во 06:38

Денеска времето  ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито.

Повремени сончеви периоди ќе има во јужните и југозападните предели. Локално може да наврнат и до 20 литри дожд. Ќе дува умерен западен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат  од 8°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 5.

 

Во Скопје  ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.