Денеска врнежи од дожд
Објавено на 16 септември, 2013 во 06:42
Во Македонија времето денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните предели.
Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 28°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 25°C.
