Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви и чисти коловози
Објавено на 17 септември, 2013 во 09:26

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.На патниот правец Р1 303 Прилеп – Македонски Брод – Кичево на 33 км, од планинскиот превој Барбарос кон Македонски Брод на м.в.Арматоец сообрќајот е нормализиран.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.
Блокадата на граничните премини Блаце и Јажинце е завршена и сега овие два гранични премини се отворени за сообраќај за сите видови на возила.
Од 11-ти септември започнаа градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
Почнувајќи од 29-тио август на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од осум до 15 или 16 часот.
