Борис Дамовски е пуштен на слобода

Објавено на 17 септември, 2013 во 09:48

Режисерот Борис Дамовски, еден од приведените во полициската акција „Шпион“, синоќа бил пуштен на слобода. Тој за Нова потврдил дека е на слобода и рекол дека кон него се однесувале многу коректно.

Информацијата за заминувањето на Дамовски од полициската станица прв ја објавил Миленко Неделковски на својот фејсбук профил, само 10 минути откако режисерот бил пуштен на слобода, пренесе Курир.

Нова, пренесува дека на распитот во полицијата Дамовски, сопственик на продукцијата „Контрабанда“, бил испрашуван за врските со луѓето кои се приведени вчера во акцијата „Шпион“.

Во акцијата вчера МВР уапси 17 лица за шпионажа и злосторничко здружување, меѓу кои и Марјан Маџовски шефот на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, екс директорот на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов, генералот Горан Стојков и Ацо Диневски, поранешен агент на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.