Внимателно возете, коловизите се влажни и на дел од патните правци можни се одрони

Објавено на 18 септември, 2013 во 09:46

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.На патниот правец Р1 303 Прилеп – Македонски Брод – Кичево на 33 км, од планинскиот превој Барбарос кон Македонски Брод кај место викано Арматоец сообрќајот е нормализиран.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.

Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.

Oд 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.