Сончево со локална облачност!
Денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне во северните, североисточните и северозападните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во засилен северозападен, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста и слаби услови за локални врнежи од дожд Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C.
