Сончево со умерена облачност!
Објавено на 20 септември, 2013 во 06:30
Денеска во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево и посвежо. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна ќе достигне до 25°C.
