Уапсен велешанецот Борис Перков, осомничен во Шпион
Објавено на 21 септември, 2013 во 17:08
Чешката полиција денеска го уапсила Борис Перков (52) од Велес, по кого македонската полиција распиша меѓународна потерница, откако судот потврди дека осомничениот во аферата „Шпион“ е во бегство.
Чешкиот суд до понеделник ќе треба да реши дали ќе го екстрадира Перков веднаш или ќе му биде одреден екстрадиционен притвор .
Во аферата „Шпион“ меѓународна потерница е распишана по тројца осомничени, а еден од нив е и Зоран Божиновски, уредник на порталот Буревесник. Во бегство е и осомничениот Јане Младеновски (38) од Крива Паланка.
