Изреалска „Цесна“ се урна на Стенковец
Објавено на 21 септември, 2013 во 18:15
Спортски авион од типот „Цесна 172“ се урна на аеродромот Стенковец крај Скопје. Полесно се повредени четворица пилоти – аматери од Израел.
Во изјава за Телма, директорот на аеродромот „Стенковец“ Дејан Саздовски изјави дека пилотите излегле од леталото и изгледале добро, но сепак биле транспортирани во болница за да се утврди нивната здравствена состојба.
Саздовски рече дека израелските пилоти пристигнале од Грција, а денеска со авионот тргнале од Скопскиот аеродром кон аеородромот „Стенковец“ заради средба со наши пилоти. При слетувањето дошло до уривање на малиот авион, од засега необјаснети причини.
Израелските пилоти требало потоа, од „Стенковец“ да заминат кон Охридскиот аеродром.
[
