Почина Дуле од музичкото дуо “Дуле и Коки“

Објавено на 23 септември, 2013 во 14:00

На клиниката за токсикологија денеска претпладне почина Душан Љубисавлевиќ од музичкото дуо „Дуле и Коки.

Тој бил примен на клиниката  во саботата во исклучително тешка состојба и со покачена телесна температура. И покрај борбата на лекарите за неговиот живот, срцето на Дуле откажало околу 11 часот.

Сепак, според информациите на порталот Точка, вистинската причина за смртта на Дуле не е инфаркт, туку рак на црниот дроб за кој малкумина знаеле.

И покрај борбата, неговите органи утринава почнале да откажуваат, а околу 11 часот тој починал откако со работа престанало и неговото срце.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.