Сообраќајот се одвива тековно и се работи на неколку патни правци

Објавено на 25 септември, 2013 во 09:19

На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово, од 20-ти септември започнаа интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.

Од 11-ти овој месец започнаа градежни работи на пат, на планинскиот превој Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикалана сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат во текот на оваа недела.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.