Запален фордот на директор од прилепскиот Тутунски комбинат
Објавено на 25 септември, 2013 во 11:19
Палењето се случило утрово во Прилеп на улицата Јуриј Гагарин.
Противпожарната единица не успеала да го спаси бидејќи кога стигнала на местото на инцидентот автомобилот бил целосно изгорен.
Фордот бил сопственост на А.С (55) и го запалило непознато машко лице.
Полицијата, на местото на инцидентот, врши увид. Засега нема информации за мотивите и можниот сторител или сторители.
