Случајот „Ликвидација“ денеска зад затворени врати
Продолжува судскиот процес против новинарот Томислав Кежаровски. Денешното рочиште беше затворено за јавноста поради презентирањето на транскриптите од телефонските разговори меѓу обвинетите во случајот „Ликвидација“ кои беа обезбедени со посебни истражни мерки. По изведувањето на доказите судот треба да ја изрече и пресудата.
Со презентирање на транскриптите од телфонските разговори меѓу обвинетите во случајот „Ликвидација“, кои беа обезбедни со посебните истражни мерки,зад затворени врати продолжи судењето против новинарот Томислав Кежаровски и останаите приведени судии и обвинители. Адвокатите на претходните рочишта бараа доказите кои веќе им беа презнетирани во истрагата да не се изведуваат во судот за поголема ефикасност на постапката во која седум лица петти месец се во притовр. Но, судот не го прифати барањето, а деншеното рочиште беше затворено за јавноста.
– ПИ мерките не се коментираат и затоа судењето во оваа фаза е тајно, ние баравме да не се читаат сите докази но, според законот, обвинителот мора да ги прочлита бидејќи без тоа судот може да направи сериозно прекршување на законот кое потоа може да биде искористено до оштетената страна, изјави адвокатот Јован Јоанидис.
Јонаидис вели дека станува збор за меѓусебни телфонски разговори на обвинетите како и контакти со други луѓе. Следните рочишта продолжуваат со изеведување на доказите по што одбраната очекува судот да ја изрече и пресудата.
-Се уште се ова докази на обвинителството по што очекувам да се даде време за одбраната со нивните докази и во брзо време да заврши, рече Јоаниодис.
Инаку новинарот Кежаровски се товари дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот за нарачаното убиство во селото Ореше додека пак судиите и обвинетите дека барале поткуп за ослободување на приведените за убиството. Здружението на новинари како и меѓународни организации досега неколку пати бараа ослободување на новинарот или замена на мерката притвор со куќен притвор. Но, судот останува глув на овие барања.
Извор: Телма
