Претежно сончево, ветровито и студено
Денеска претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување и ќе биде претежно сончево, ветровито и студено.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°C односно до 23°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне развердување, ветровито и студено. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 17°C.
Поради продорот на студен воздух во петок и во сабота во утринските часови ќе има појава на слаб мраз и утрински температури кои ќе се движат во интервал од -4°C до 6°C.
