Опозициските лидери разговараа за претседателски кандидат
Објавено на 2 октомври, 2013 во 22:21
На претстојните претседателски избори опозицијата ќе настапи заеднички. Заев, Георгиевски, Ангелов и Огњановски денеска во седиштето на најголемата опозициска партија, на Бихаќка, разговарале за можните кандидати.
Конкретни имиња не се спомнати туку ставот дека наскоро ќе излезат со кандидат кој, според претседателот на СДСМ Зоран Заев, ќе биде натпартиско решение.
Тој го повтори ставот дека нема да поддржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските без прочистен избирачки список.
Заев тврди дека за прашањето за името опозицијата и натаму е во мрак и неинформирана за предлозите кои биле ставени на маса.
