На почетокот на ноември, Бранко Црвенковски ќе биде уапсен

Објавено на 4 октомври, 2013 во 16:17

Ова сензационалистичко тврдење денеска го изнесе Сашо Орданоски, претседател на Транспарентност Македонија, кој презентираше анализа на тема „Социјалдемократијата и растот на популистичката десница во организација“ на Инстутотот „Прогрес“ и поддржано од фондациите „Фридрих Еберт“ и „Улоф Палме“. Тој наведе дека Црвенковски ќе биде дел од продолжението на полициската акција „Шпион“, а неговото апсење кај социјалдемократите ќе предизвика голема дилема дали да го бранат или да се откажат од него, пренесе Телма.

Орданоски тврди дека напролет, со претседателските, ќе има и вонредни парламентарни избори, а однесувањето на СДСМ во однос на апсењето на Црвенковски ќе влијае на резултатите на изборите, каде, според него, ќе се гласа „за или против предавниците“.

Инаку, на оваа стручна дискусија  учествуваше и експерт од Унгарија, професорот на Економскиот факултат во Будимпешата д-р Золтан Погача, кој пошироко елаборираше зошто популистичката десница победува на изборите во дел од Европа, и зошто либерализмот и социјалдемократијата се во криза.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.