Ахмети ја заврши посетата на Франција и утре продолжува во Белгија

Објавено на 6 октомври, 2013 во 00:20

Заврши посетата на Париз на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во францускиот главен град тој оствари средби со советниците на францускиот претседател Франсоа Оланд, на кои, од ДУИ, информираат дека било разговарано за поддршката од оваа членка на Унијата која и ја дава на Македонија на патот кон целосно членство во евроатланските институции.

Утре, лидерот на ДУИ, кој е прудружуван од неговиот партиски колега и министер за евроинтеграции, Фатмир Бесимир ќе имаат средби со политичките субјекти во Брисел, Белгија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.