Скандал во Ниш: Вартоломеј порача дека МПЦ е парацрква

Објавено на 7 октомври, 2013 во 09:30

Патријахот Вартоломеј ја нарече Македонската православна црква  „нехристијанска и парацрковна“ организација на вчерашното одбележување на 1.700-годишнината од донесувањето на Миланскиот едикт во Ниш, Србија, јави „Дневник“.

Тешките квалификации и навреди се изречени поради случајот со Јован Вранишкоски, кој беше расчинет од МПЦ поради придружувањето на СПЦ и е осуден на затворска казна поради финансиските малверзации.

Обвинувањата се содржани во обраќањето на вселенскиот патријарх Вартоломеј на крајот од свеченоста, кое го читаше српскиот владика Иринеј бачки, познат негатор на првото на македонска црковна автокефалност пренесува „Дневник“.

– Во нашите православни цркви повторно зајакнуваат разни расколи, ереси, отпадништва. Ерарсите се прогонуваат, како, на пример, архиепископ охридски Јован. Свештениците, монасите, верниците биваат прогонети за зборот Божји, бидејќи не се согласуваат да се вклучат во антихристијанска и псевдоцрковна организација, а тоа е помогнато и од државните структури. Затоа што го носат името Христово, тие се прогонуваат без каква и да е причина и вина – се потенцира во обраќањето на вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој го читаше српскиот владика Иринеј.

Претходно тој порача дека „Господ Исус Христос“ е повторно распнат со појавите на расипаност и ненаситност.
– Тие што ја зборуваат вистината ги распнуваат. Во овој свет владее неслобода – рече тој. Другите владици молчеа Интересно е да се посочи дека сценариото на обраќањето беше направено така што патријархот Вартоломеј го почна своето обраќање на грчки, за по неколку реченици српскиот владика да продолжи да го чита однапред подготвениот превод на целиот текст.

Дури при крајот на петнаесетминутното обраќање вселенскиот патријарх повторно доби можност да каже неколку реченици на грчки, кои потоа пак беа преведени на српски јазик. Додека бачкиот владика ги кажуваше тешките навреди на сметка на МПЦ-ОА, зад него и зад патријархот Вартоломеј беа поглавари на седум православни цркви, кои учествуваа на ова православно чествување на јубилејот од признавањето на христијанството како вера од страна на римскиот цар Kонстантин во 313 година, роден токму во Ниш.

Навредата кон МПЦ-ОА ја слушаше и рускиот патријарх Kирил, иако Руската православна црква никогаш досега не ја третирала МПЦ-ОА како „нехристијанска и парацрковна организација“.

Објавениот текст на „Дневник“ во целост тука.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.