На граничните премини нема долги задржувања за влез и излез
Објавено на 7 август, 2014 во 07:01
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
