Премиерот Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени

Објавено на 6 јули, 2025 во 20:01

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да биде вовоеден данок за неженети и немажени додека во исто време им се извини  на сите кои така го разбрале.  Целта му била да се отвори дебата, да се крене свесноста, бидејќи е загрижен  за демографската состојба во земјата, затоа што тивко умира.

„Нема да има никакви даноци и се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал.  Но, она што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележено, како општоприфатен факт и ние треба да се помириме со тоа. Јас не можам и би било неодговорно од моја страна да се помирам со фактот дека во 2016 година се родени 23.000 бебиња во Македонија, а во 2024 година 16.000. Тое е рецесија од 30 отсто. Во 2021 година сме имале 13.300 бракови, а три години потоа во 2024 година 11.100 бракови, тоа е 17 отсто рецесија“, рече вечерва Мицкоски.

Премиерот на 4 јуни, на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“, рече дека Владата размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети, што наиде на остри реакции кај граѓаните.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.