Продолжува судскиот процес Груевски против Заев

Објавено на 1 септември, 2014 во 07:32

Денеска во Основениот суд Скопје 2 ќе се одржи судско рочиште по тужбата на премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Груевски од Заев бара половина милион евра оштета за обвинувањата дека учествувал во нелегална продажба на Македонска банка.

Груевски поднесе приватна тужба против Заев по објавената аудиоснимка со разговор меѓу две лица за продажба на Македонска банка.

Лидерот на СДСМ праша дали едно од лицата што ја договараат продажбата на банката бил гласот на Груевски кој договарал 1,5 милиони евра од продажбата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.