Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Објавено на 3 септември, 2014 во 07:09

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежите од дожд. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат преку повисоките планински премини, како и низ клисурите и засеците. Тоа особено се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово, каде има почеста појава на одрони. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.