Платен паркинг во Штип

Објавено на 3 септември, 2014 во 07:29

20 денари од час паркирање во центарот на Штип, 15 денари за секој нареден час во работните денови од 7-21 часот, јави Радио Канал 77.

Во недела и во празник, паркирањето е бесплатно. Од 1-ви септември  во Штип се плаќа за паркинг. Покрај главните сообраќајници на терен наплаќаат шест работници со мобилни апарати и пет контролори, кои ги упатуваат граѓаните каде можат да купат готови грепки. За разлика од порано кога за паркинг мораше да се кружи по неколку улици, денеска и покрај дождливиот ден, имаше слободни места. Директорот на ЈП„ Стипион“ Тони Јовев, вели дека наидуваат на различни реакции од граѓаните.

„Првичната реакција е повеќе позитивна отколку оние луѓе кои што негодуваат. Во текот на наредниот период сите ќе сфатат дека е нормална работа и секаде во свето се применува, па и во Македонија“, изјави Јовев.

Станарите и фримите и нивните вработени на неколкуте централни улици ќе плаќаат по 160 денари месечно и 250 денари еднократно за издадена картичка. Тие што ќе го избегнат плаќањето паркинг и ги зафатат споредните улички, ќе ги дочека сообраќајната полиција, најави Јовев.

„Службените лица од полицијата ги опемуваат, па доколку треба и ќе ги казнуваат тие што паркираат непрописно во околните улици„.

Таксистите за Канал 77 изјавиле  дека рано е да се зборува зе ефектите, иако во првите два дена можело да се почувствува растоварување на сообраќајот. Всушност, такси компаниите очекуваат дека ќе им се зголеми прометот. Некои од граѓаните негодувале, некои со реакции дека морало да се стави ред во хаосот.

Дел од граѓаните најавата за воведување на платен паркинг ја коментирале со тоа дека јавното претпријатие со проектот за платен паркинг, ќе обезбеди дваесетина партиски луѓе. Директорот Јовев демантираше.

„Засега немаме нововработени. Сите ангажирани во платените паркинзи се од вработените од јавното претпијатие и од ангажираните лица од локалната самоуправа односно од градоначалникот за платените паркинзи“, рече Тони Јовев.

Во првиот ден на платен паркинг 11 ангажирани работници заработиле 18.000 денари, што за јавното претпријатие е добар промет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.