Паско Кузман сведок за кражбата во Музеј на Скопје

Објавено на 3 септември, 2014 во 16:10

Паско Кузман поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство ќе биде сведок во случајот со кражбата во Mузејот во Скопје, јави Телма.

Ова го најави адвокатскиот тим на седумината обвинети кои одговараат за несовесно работење во институцијата и малверзации со археолошки предмети.  Паско Кузман ќе треба да  појасни кој од вработените имал пристап до депото во музејот и чија одговорност е чувањето на археолошките предмети.

Седумината обвинети  за прв пат ги слушнаа аргументите на обвинителство за што ќе им се суди. По откривањето на скандалот со кражба на 162 археолошки предмети од музејот  на обвинителна клупа седнаа вработени во институцијата меѓу кои и тогашниот директор кој прв ја пријави кражбата.

Обвинителката половина час го образложуваше обвинението и побара затворски казни за обвинетите кои веќе седум месеци се во притвор.

Адвокатите тврдат дека случајот е само покриетите на органите на прогонот бидејќи не можат да ги најдат вистинските сторители на кражбата. Најавија дека ќе поднесат докази и ќе предложат сведоци кои ќе потврдат дека обвинетите работеле совесно и не се вмешани во криминалот со исчезнувањето  на артефактите.

На следеното рочиште  својата одбрана ќе ја изнесат обвинетите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.