Проектот „Традиционални спортски игри“ денеска започнува од Велес
Со проектот се промовира спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи.
Покровител на оваа спортско-културната манифестација е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој ќе приосуствува на отпочнувањето на проектот.
Овој неколкумесечен проект ќе се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.
Лани, проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот – Спортски БонТон“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.
