МВР го потврди суспендирањето на Дејан Митровски-Урко

Објавено на 4 септември, 2014 во 13:57

МВР потврди дека личниот телохранител на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко е времено суспендиран од работната позиција. Потпаролот на МВР,  Иво Котевски не дал детално објаснување за ситуацијата, пишува Плус инфо. Котевски ги упатил новинарите информации да побараат од Владата.

Владиниот портпарол Александар Георгиев денеска рече дека нема да го коментира суспендирањето на личниот телохранител на премиерот Никола Груевски,.

„Ќе останам на изјавата што ја даде портпаролот на МВР, Иво Котевски“ – рече денеска портпаролот на Владата Александар Георгиев одговарајќи на новинарско прашање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.