Стагнира бројот на заболени од жолтица во Штип
Стагнира бројот на заболени од Жолтица во Штип. Во изминатите четири дена евидентирани се само четири нови случаи, што според епидемилогот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје од Скопје значи благо смирување на епидемијата. Епидемиолозите кои денеска се по вторпат во Штип остануваат на ставот дека водата од Градскиот водовод е квалитетна и технички исправна. Жолтицата и понатаму се шири од населбите и улиците Балканска, Косовска, Васил Доганџиски, Пиринска и Благоја Мучето. Караџовски вели веќе ги утврдиле локациите на заразата.
Вкупниот број на заболени од Жолтица во Штип за месец август и септември изнесува 56 лица на возраст до 29 години. И понатаму ќе продолжат превентивните мерки во сите училишта и градинки во Штип, бидејќи периодот на инкубација е долг на жолтицата.
Екипата од Институтот за јавно здравје денеска зеде повторно мостри од водата, но од две основни, едно средно училиште и од една локална чешма со цел да ги споредат резултатите од претходната недела за исправноста на водата.
