Какво време ќе имаме викендов?
Објавено на 6 септември, 2014 во 06:18
Облачно со врнежи од дожд ќе биде и денеска. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови.
Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C. Во вечерните часови ќе има појава на магла.
Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури од 18°C до 28°C.
