Непознати сторители извршиле грабеж во простории на општина Центар
Ноќеска околу три часот се случила кражба во бараката бр.6 во Општина Центар, во која се сместени просториите на Советот на општината, општинската архива, архивата на секторот за урбанизам, односно местата каде што се чува целата документација за работата на Советот, одделението за човекови ресурси и одделот за криза и безбедност.
Крадците влегле внатре и ги изнеле сите компјутери во дворот пред бараката. Тогаш интервенирало обезбедувањето но, крадците избегале во непознат правец и со себе однеле торба во која не е утврдено што е изнесено и украдено.
Од Општината информираа дека просториите биле запечатени, пријавено е во полиција, и утре Крим техника преку отисоци и други истражни мерки ќе утврдува кои се сторителите и што се е однесено од општинските архиви.
