Манастирот Бигорски се подготвува за прослава на патрониот празник

Објавено на 8 септември, 2014 во 14:07

Во големото православно светилиште манастирот Св. Јован Бигорски деновиве течат подготвките за прослава на патрониот празник. Свечената манастирска слава во спомен на Отсечението на главата на светиот Пророк, Јован Крстител ќе започне во среда, на 10 септемрви, со празнична вечерна богослужба. Во таа пригода тројца искушеници од свештеното братство ќе бидат замонашени и ќе се прибројат кон монашкиот ред на Бигорски, јави ТВ Кис.

Во четврток, 11 септември, ќе биде отслужена празнична утрена богослужба со почеток во 7 часот. Час и половина ќе започне светата архијерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува митрополотот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение на уште двајца архијереи на Македонската православна црква. 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.