Синдикатите со дополнителни реакции за законските измени во образованието
Новите предлог измени во законот за основно и средно образование создаваат немир кај дел од наставниците и професорите дека тие би можеле да удрат по нивен грб за време на штрајк и да го доведат во прашање нивното работно место, пренесе 24 Вести.
Првиот човек на синдикатот Јаким Неделков вели се сомнева дека овие измени ќе профункционираат во целост а спорен е и начинот на кој тие треба да се донесат.
Од СОНК исто така не ја исклучуваат можноста за штрајк но како што тврди првиот човек на синдикатот за следните чекори ќе дебатираат на седница. Според информациите поголем дел од членовите биле за штрајк но и за донесување на други законски дозволени дејствија за да ги штитат своите работнички права.
Од ССМ за 24 вести пак нагласија дека во секоја промена на законската регулатива треба да се земаат во предвид регулативите на Меѓународните конвенции на трудот, соодветните препораки како и директивите на вообичаената европска и светска практика.
Предлог измените во законот за основно и средно образование деновиве предизвикаа низа реакции не сако кај дел од просветните работници туку и меѓу експертската јавност.
