Поранешниот пејач Илија Псалтиров е првиот амбасадор на Македонија во Казакстан

Објавено на 11 септември, 2014 во 09:33

Поранешниот пејач Илија Псалтиров ќе биде шеф на новата дипломатска мисија што ја отвора Македонија во главниот град на Казахстан, Астана. Во биографијата на Псалтиров стои дека тој е доктор по економски науки, а има магистратура од Европскиот колеџ во Варшава. Има кратко работно искуство во МНР од неколку години. Пред да се впушти во дипломатските води тој градеше пејачка кариера.

Амбасада Македонија отвора и во Обединетите Арапски Емирати, а таму амбасадор ќе биде Сашо Ташевски. Двајцата идни амбасадори веќе ги изложија своите програми пред собраниската Комисија за надворешна политика.

И двајцата акцентот ке го стават на економската дипломатија. Согласни се тоа што се први резидентни амбасадори е голема чест но е и  уште поголема обврска за нив, во најдобро светло да ја претстават Република Македонија во Казахстан односно Овединетите Арапски Емирати.

Со отворањето на две нови амбасади, дипломатската мрежа на Македонија се проширува.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.