Подоготовки за проверка на избирачкиот список

Објавено на 12 септември, 2014 во 14:01

Проверка на гласачите по принципот од врата до врата, контрола по случаен избор на улица или анализа на базата на податоци во неколку помали општини се можните начини за подобрување на избирачкиот список, што денеска беа разгледувани од работната група во ДИК. За претставникот од ВМРО ДПМНЕ, министерот Никола Тодоров, прифатлива е само компјутерската анализа.Останатите две, вели, може да доведат до апсурдни ситуации, пренесува Телма.

-Може да се најдеме и во комични ситуации, кога членовите на ДИК ќе тропаат по станови, па некој нема да сака да им отвори, друг нема да сака да се легитимира, предупреди Тодоров. Тој побара да се провери, во кои европски земји постојат вакви начини за проверка на избирачкиот список. Претставникот од невладината асоцијација “МОСТ“, одговори дека тоа се познати техники кои се предложени од ОБСЕ.

Подготовки ќе се прават за сите можни проверки, а до крајот на годината треба да се одлучи што од тоа ќе биде направено. Претставникот од СДСМ, не присуствуваше на состанокот. Во кусото соопштение, испратено до медиумите, Дамјан Манчевски вели дека е беспредметно да се дебатира парцијално, затоа што прочистувањето на избирачкиот список е еден од нивните 5 услови за да се вратат во Собранието.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.