АМСМ: Внимателно возете, коловозите се влажни!

Објавено на 13 септември, 2014 во 07:02

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

Забрани за движење на тешки товарни возила има на регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради свлечиште на влез во Кратово, за автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони и на патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На повеќе патни правци во државата се изведуваат градежни работи.

Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.