Охрид и Подградец со заеднички проект за Интегрално управување со природното и културно наследство
На 15 и 16. септември 2014 година во Поградец на брегот на Охридско Езеро ќе започне Проектот за Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финанасиран од ЕУ и УНЕСКО.
Проектот е дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така цел е да ја зајакне прекуграничната соработка во овој дел, да ги зајкне капацитетите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Финално, целта на проектот е ставање на албанската страна на езерото под заштита на УНЕСКО. Проектот е планирано да трае 36 месеци, да чини 1,7 милиони евра и да се спроведе под координација на ЕУ/УНЕСКО а преку Министерствата за животна средина и за култура на Македонија и Албанија. На Почетната работилница во Поградец , од македонска страна ќе учествуваат преставници на Министерствата за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура, Завод и музеј Охрид и преставници на општините Охрид ,Струга и на општината Дебрца.
Извор: Охрид њус
Фото: Горан Момироски
