Повторно актуелна „Република Илирида“

Објавено на 15 септември, 2014 во 07:35

Самопрогласениот претседател на Република Илирида, Невзат Халили, за онлајн изданието на весникот “Лајм” изјавил дека нејзиното прогласување, што требало да се случи денеска (понеделник, 15 септември) е одложени по барање на меѓународниот фактор.

– Ние не се откажуваме од прогласувањето на Илирида, но по консултациите со претставници на меѓународниот фактор одлучивме овој чин да го одложиме за една поблиска иднина, за што јавноста навреме ќе биде информирана, -изјавил Халили за “Лајм”.

Претходно,  порталот Алмакос извести дека Хамди Ндрецај-Пантер бил прогласен за гененерал на националната гарда на република Илирида. Тој изјавил дека републиката ќе има своја армија, полиција и други државни инситуции. Ндрецај во изјавата за „Алмакос“ ја повикал владата на „ПЈРМ“ да не го предизвикува албанскиот народ, да не провоцира и да не се противи на неговото право на самоопределување. Генералот ги предупредил и државните институции и политички партии во Република Албанија, Република Косово и Македонија, дека тие републиканската гарда секогаш ќе работи во одбрана на човековите права и граѓанските интереси во република Илирида. На вчерашната средба присуствувал и Идриз Синани, кој исто така има некаква функција во републиката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.