Ловџија си го застрелал синот и убил уште едно момче
Објавено на 16 септември, 2014 во 07:46
Татко го застрелал својот син и убил едно момче ноќеска околу 2.30 часот додека биле во криволов, соопшти полицијата.
Миле И. (69) од селото Мренога, Демир Хисар, ги застрелал својот 40-годишен син Добре и 21-годишниот Александар В., кој починал на самото место.
Добре со тешки телесни повреди е префрлен во здравствениот дом во Демир Хисар од каде поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје.
