Груевски се сретна со турскиот претседател Ердоган

Објавено на 18 септември, 2014 во 06:45

Премиерот Никола Груевски за време на посетата на Анкара оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На средбата двајцата соговорници ги констатирале добрите политички и економски односи, како и можностите за искористување на расположливите потенцијали.

Груевски изјави дека билатералните односи се одлични, а честите средби на политичко ниво се потврда за пријателството кое се развива меѓу двете држави. Ердоган посочи дека ја поддржува Македонија и нејзините евроатлански апсирации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.