Укната забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Стража – Кичево
Објавено: 4 декември, 2019, во 07:25 часот
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно, од ноќеска на полноќ е укината, информираат од АМСМ.
Поради интензивни врнежи од снег вчера во 18:20 часот од превентивни причини се воведе забрана за камиони на патниот крак Маврово – Дебар и Гостивар-Стража-Кичево.
