Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Објавено: 4 јануари, 2020, во 08:33 часот

soobrakaj fin

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај село Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.