Триесет и осум годишен маж загина во пожар во прилепско Браилово
Објавено: 16 јануари, 2020, во 10:36 часот
Вчера, на 15 јануари, во 12 часот било пријавено дека во село Браилово, прилепско, настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Т.(38) од Браилово.
При тоа тој починал на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
