Променливо облачно време со локален дожд

Објавено: 27 јануари, 2020, во 07:49 часот

dozd fn

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места со снег, особено во претпладневните часови. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната од 4 до 11 степени целзиусови.

Во Скопје слично време со минимална температура до два степени, а највисоката дневна ќе достигне до девет степени целзиусови.

До петок ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови од земјата.

Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец кој повремено ќе се засилува во западните делови од земјата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.