Во сообраќајка загина македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур
Објавено: 30 јануари, 2020, во 08:58 часот
Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур (69) синоќа загинал во сообраќајна несреќа во Скопје, во населбата Кисела Вода, пренесуваат повеќе портали. Изгубил контрола над автомобилот, излетал од патот и удрил во бетонски столб покрај него. Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на денот.
Георгиевски во сезоната 1975/76 со „Работнички“ стигна до полуфиналето на тогашниот европски Куп на победниците на куповите, како играч на југословенската кошаркарска репрезентација освои сребрени медеали на Европското првендтво во Германија и на Олимијадата во Лос Анѓелес.
