Министерот Наќе Чулев го сака Синиша Алексовски во кабинетот во МВР
Објавено: 1 февруари, 2020, во 14:37 часот
Агенцијата за разузнавање за „360 степени“ потврдиле дека Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев, почнал процедура за преземање на Синиша Алексовски, контроверзниот екс советник на претседателот Ѓорге Иванов, од Агенцијата за разузнавање (АР) во МВР.
Трансферот засега не е реализиран зашто заглавил во правните процедури предвидени за преодната влада. Барањето за Алексовски е дел од втор бран преземања од Агенцијата за разузнавање што ги иницира министерот Чулев откако веќе завршил трансферот на петмина вработени од АР во МВР.
На прашањето дали е точно дека Чулев бара преземање на уште четворица вработени од Агенцијата за разузнавање и дека меѓу нив е и лицето Синиша Алексовски, од АР одговориле вака: „Потврдуваме дека по именувањето на Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи, од АР во МВР се преземени пет вработени кои сега се дел од кабинетот на министерот како негови најблиски соработници.
На министерот, работното место во АР му е во мирување. Дополнително, од МВР до АР побарани се уште четворица вработени, но поради непотполната документација испратена од МВР, истата е вратена на доработка. Очекуваме да биде пратена во АР со што и овие вработени би преминале во МВР“.
Кој е Синиша Алексовски на следниот линк!
