Сончево до 20 степени, од вечер дожд потоа снег и постудено
Објавено: 4 февруари, 2020, во 08:22 часот
Денеска сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Во вечерните часови, почнувајќи од север, облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег.
Утре, според УХМР, времето ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд.
Од четврток ќе преовладува претежно обланчо и стабилно време, ветровито и постудено, особено во утринските часови.
Но, во седните денови температурите ќе бидат во пораст.



